Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Владимир Кличко мораше да биде спасуван среде ноќ од шпанската крајбрежна стража, откако луксузната јахта на која се наоѓал, се запалила.
Тој тргнал од Ибица кон островот Мајорка со своето семејство и пријатели. За среќа, во инцидентот нема настрадани и пожарникарите реагирале брзо, за да спречат можната трагедија.
Сите сме во ред. Го видовме оганот на време, и брзо дадовме сигнал. Одзеде некое време, додека ситуацијата се стави под контрола, но благодарение на шпанската крајбрежна стража и пожарникарите се е во ред, напиша Украинецот во социјалните мрежи.
Причината за пожарот се уште не е јасна.