Серијалот „Матрикс“ ќе добие уште еден дел, потврди студиото „Ворнер брос“.
„Исклучително сме возбудени што повторно влегуваме во „Матрикс“ заедно со Лана Вачовски“, соопштиле од студиото.
Браќата Вачовски ги режираа првите три дела, пред двајцата да го променат полот – Лари стана Лана, а Енди стана Лили.
Сега само Лана се враќа да го раскаже четвртиот дел од приказната за светот во кој, ако ја земете вистинската „таблета“, откривате дека сте приклучени на огромната машина која ве лаже дека живеете, додека, всушност, вашата енергија го покренува светот во кој завладеале машините.
До идејата за ново продолжение дошле откако работеле на четвртиот дел на „Приказна за играчките“, односно третиот за „Џон Вик“.
Кијану Ривс и Кери-Ен Мос се враќаат на улогите Нео и Тринити, а сè уште не се знае кога филмот ќе излезе.