Родителите на босанската тинејџерка која избега во Сирија ги пронашле своите внуци во логор

Сабина и Самра како малолетнички ги напуштиле домовите во Виена на 10 април 2014 и во Сирија им се придружиле на џихадистите. Како што навела една од нив во писмо, тие отишле да се борат за исламот и дека со своите родители повторно ќе се сретнат во рајот.

10577
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

За судбината на босанските тинејџерки Сабина Селимовиќ (14) и Самра Кешиновиќ (15), кои во 2014 побегнале од Австрија за да и се приклучат на Исламската држава, имаше многу теории. Во медиумите имаше информации дека биле убиени, па дека биле живи во некој логор и сакале да се вратат во Австрија.

Меѓутоа, сега со ДНК анализа се утврдило дека две момчиња кои се наоѓале во злогласниот логор Ал-Хол во сириската провинција Хасака, биле синови на Сабина.

Родителите на Сабина од Виена отишле да ги посетат децата на возраст од две и четири години, но и да им средат да добијат австриско државјанство.

Адвокатот Клеменс Линтшингер, кој ги застапувал родителите на Сабина, изјавил дека се надева оти сите заедно наскоро ќе се вратат во Австрија.

Сабина и Самра како малолетнички ги напуштиле домовите во Виена на 10 април 2014 и во Сирија им се придружиле на џихадистите. Како што навела една од нив во писмо, тие отишле да се борат за исламот и дека со своите родители повторно ќе се сретнат во рајот.

Наводно, двете се омажиле за џихадисти и родиле деца, а сега биле пронајдени живи децата на Сабина.

ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...