Италијанскиот суд одлучи дека Германката Карола Ракете, капетан на брод што пренесувал мигранти, не прекршила закон кога не ги послушала наредбите на италијанските власти и отпловила на островот Лампедуза со 41 мигрант, наведувајќи дека таа ја исполнила должноста да спаси животи.
Судијата издаде наредба за ослободување на 31-годишната Ракете, од домашен притвор, во кој таа беше од саботата, кога не ги послушала наредбите на италијанската војска и отпловила на островот.
На неа и се закануваше затвор од 10 години за обвинението дека ги довела во опасност животите на четворица италијански полицајци во чиј патролен брод удрила кога впловувала во Лампедуза со својот брод „Си воч 3″, во сопственост на германска хуманитарна организација.
ФОТО: EPA / TILL M. EGEN/SEA-WATCH HANDOUT