Д-р Крстеска: Липосукциската исхрана овозможува да се губи само сало, не и мускулна маса

2543

Константното внесување на аминокиселини во текот на протоколот на липосукциската исхрана овозможува да се сочува мускулното ткиво,  а да се стопат само натрупаните маснотии, објаснува доктор Валентина Крстеска, од „International Health“ Скопје, раководител на „Липо диет“ центарот.

Кој може да биде подложен на третманот на ненвазивна липосукција?

– Третманот е наменет за лица со прекумерна телесна тежина, со старост од над 18 години. Подеднакво можат да го користат и мажи и жени. Важно е пациентот да нема други сериозни здравствени проблеми, со исклучок на оние кои се последица на самата дебелина, како висок притисок, проблеми со варењето и слично. Пред самиот третман, советникот за липосукциска исхрана ќе процени дали постојат сомнежи за некои контраидикации.

Дали овој третман е сигурен за здравјето?

– За лицата кои немаат никакви контраиндикации за овој третман, тој е сосема безбеден и сигурен за здравјето. Суплементите што се користат, Lipo Alpha и Lipo Beta, се произведуваат во ЕУ, во Германија, според највисоки стандарди, а регистрирани се во Македонија, во надлежното министерство, кадешто ги минале сите неопходни контроли и анализи.

Дали брзата загуба на килограми може да биде опасна?

– Брзата загуба на килограми е опасна ако е последица на некое здравствено нарушување или на редукциска диета која на телото не му ги обезбедува сите неопходни нутриенти, со што телото се изгладнува и не се внесуваат доволно калории, па се јавуваат глад, вртоглавица, замор, слабост, чувствителност на студ, недостаток на амбиција и слично. Кај протоколот за липосукциска исхрана, важно е да се знае дека дневното внесување на калории е на нивото на индивидуалната потреба на организмот, дека заедно со исхраната се внесуваат суплементи кои ги надоместуваат витамините, минералите и другите микронутриенти. Најважно е лицето да се чувствува добро и по третманот да нема никакви последици за здравјето.

Се враќаат ли килограмите после диетата?

– Целта на третманот е трајна загуба на вишокот килограми, односно постигнување и одржување на оптимална телесна тежина. По третманот за симнување на вишокот масно ткиво, лицето продолжува со диета за одржување до три месеци, по што доаѓа до пресврт во базалниот метаболизам, односно, организмот го навикнуваме на урамнотежена, умерена, разновидна и здрава исхрана. Таквата исхрана обезбедува килограмите да не се вратат. Во случај пациентот, со својот начин на живот и со натамошната неправилна и претерана исхрана, да ги врати загубените килограми, третманот со неинвазивна липосукција може да се повтори неограничен број пати.

Се чувствува ли глад во текот на третманот?

– Во првите два дена од третманот може да се почувствува глад, што е последица на апстиненцијална криза, односно на промената на дневните навики и стабилизирањето на хормоните за ситост и глад, но не е забрането во такви околности да консумираме салата од краставици. По два-три дена чувството на глад целосно исчезнува и се навикнуваме на протоколот, а заедно со првите резултати расте и мотивацијата.

Се чувствува ли слабост, пад на енергија?

– Кај некои лица може да се јави чувство на слабост или пад на енергија, како последица на падот на крвниот притисок. Чувството на слабост исчезнува ако се напиеме кафе или ако изедеме солена краставичка или солена супа.

Постојат ли нус појави?

– Кај неинвазивната липосукција може да се јават благи нуспојави кои лесно се отстрануваат. На пример, појава на запек, појава на лош здив или надуеност.

Дали во текот на третманот се губи само сало или и мускулна маса?

– Липоукциската исхрана овозможува да се губи само сало. Константното внесување на аминокиселини во текот на третманот овозможува да се сочува мускулното ткиво, а да се стопат само натрупаните маснотии.

Кога може да се повтори протоколот?

– Протоколот може да се повтори по 14 дена, доколку поинаку не одредил вашиот нутриционист. Во меѓувреме, се придржуваме кон исхраната за одржување на килограмите, која е дел од овој протокол.

Во центарот на Скопје, на улица Димитрие Чуповски број 22 (спроти поранешен „Мекдоналдс“), се наоѓаат новите канцеларии на Центарот за липосукциска исхрана на „Интернешнл хелт“. За бесплатни совети посетете го Липо диет центарот или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033, под раководство на д-р Валентина Крстеска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...