Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов, демантира дека во интервју за Канал 5 ТВ рекол оти Бугарија се откажува од бизнисменот Орце Камчев да биде нивен почесен конзул во Македонија.
„Во интревјуто министерот Каракачанов никаде не го вели ова. Тоа го има само во насловот, но никаде и во текстот објавен на Канал 5 и во видео записот што воениот телевизиски канал го направи. Бидете коректни и не ширете невистини“, се вели во демантот на бугарскиот министер, а пренесува МКД.мк.
ФОТО: EPA/Borislav Troshev