Калабрија славел роденден по поразот од Аталанта, навивачите го критикувале

124
EPA-EFE/BORISLAV TROSHEV

Фудбалерот на Милан, Давиде Калабрија се извини за прославата на роденденот по катастрофалниот пораз во мечот од 17. коло од Серија А со Аталанта (0:5).

„Имам целосна одговорност и им се извинувам на оние што индиректно ги навредував, но тоа не беше мојата цел“, напиша Калабрија на Инстаграм.

– Забавата беше организирана од многу одамна. Мојот роденден е 6 декември, но решив да го славам на 22 декември, кога започнаа зимските празници. Никој не можеше да предвиди таков пораз. Покрај играч, јас сум исто така личност, како и сите вас. Се забавував затоа што тоа беше мојата роденденска забава, плус скоро никогаш не поминав вечер заедно со сите. Затоа, нека бидат сите разумни и чувствителни. Конечно, сакам да истакнам, бидејќи некој ја доведе во прашање мојата заложба за овој клуб, никој не е „миланез“ повеќе од мене – додаде Калабрија.

Видеа и фотографии од прославата на роденденот на фудбалерот се појавија на Интернет, по што некои навивачи на Милан го критикуваа играчот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...