Спортските коментатори од Арена Спорт, Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ, вечерва доаѓаат во Скопје заедно со шампионскиот Вардар.
Тие ги освоија срцата на македонските гледачи, а на социјалните мрежи се појави и иницијатива тие да бидат водители на настанот за пречек на ракометарите.
Во Скопје, шампионите ќе пристигнат со чартер лет вечерва околу 19 часот од каде ќе се упатат кон плоштадот Македонија. До аероромот, ЈСП организира и бесплатен превоз, а Град Скопје покрај чартер летотот, обезбеди и награди од 100.000 евра за ракометарите.