
Тимот на Горан Пандев, Џенова, вчера го победи Милан со 2:1, а најзаслужен за победата беше токму нашиот репрезентативец, кој го постигна првиот гол. Поради коронавирусот и овој натпревар се одигра без навивачи, а министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора, не чекаше долго за да испрати критики за Пандев.
Имено, министерот му се налутил на македонскиот репрезентативец поради тоа што ги гушкал соиграчите по постигнувањето на голот. Како што истакнал, таквиот потег на Пандев претставувал лош пример во време кога владее коронавирусот.
– Фудбалот во оваа ситуација и понатаму е лош пример. Денешниот излив на емоции на Пандев и прегрнувањето на неговите соиграчи е најдобриот доказ за тоа – изјавил Спадафора за „Раи“.
Во Италија, освен што натпреварите се играат пред празни трибини фудбалерите имаат забрана и за вообичаеното ракување пред натпреварите.
Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA