Карл Маркс во својот есеј, „Седумнаесетти бример на Луј Бонапарта“, ќе ги напише следните редови: „Хегел на едно место ќе забележи дека сите историски личности и настани се појавуваат два пати. Притоа, пропуштил да каже: еднаш како трагедија, а вторпат како фарса“. Луѓето, додава Маркс, ја прават својата сопствена историја, но не по своја волја и не под околности кои самите ги избрале, туку под околности кои непосредно ги затекале, ги наследиле и им се зададени.
„Традицијата на сите мртви генерации,вели Маркс, како ноќен кошмар го притиска мозокот на живите генерации“.
Надоварзувајќи се на Маркс, неколку десетлетија подоцна,унгарскиот марксистички филозоф и книжевен критичар Ѓерѓ Лукач напишал: „Нема објективна вистина којашто трае низ историјата. Секоја епоха, водена од својот интерес, различно ги толкува историските вистини“.
„Оние што денес ме слават мене и моето дело, вели Лукач, истите утре, водени од својот интерес, можат да плукаат по мене. И тука нема ништо чудно!“
И на крај, се поставува прашањето:што може да се научи од историјата? Од историјата, драги мои, не може ништо да се научи! Ете,тоа е она што може да се научи од историјата.
Ако можеше нешто да се научи, тогаш немаше луѓето постајано да ги повторуваат истите глупости.
(ФБ статус на авторот)