Тенисерот Рафаел Надал и Марија Франциска Перељо сега и официјално се брачен пар. Двајцата денеска својата четиринаесетгодишна врска ја крунисале со брак на имотот Ла Фортелеза на Мајорка, а судбоносното да, според пишувањата на странските медиуми, го изговорле во 14 часот, додека многу детали се држеле во најголема тајност.
Откако во јавноста протекоа информации за венчаницата на невестата чии слики го обиколија светот, испливаа и детали од локацијата на која се оддржало венчавката, а кои многумина ги оставија без зборови.
Многу жени ширум светот не кријат дека токму ова е местото на кое ја замислуваат својата свадба од соништата.
Фото: EPA/CATI CLADERA