На подрачјето на СВР Скопје вчера се преземени мерки и активности и констатирано е дека 16 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 27 возачи, од кои: 11 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 14 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила, од кои 12 возила бидејќи биле нерегистрирани и две возила поради претовар. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престројување, три возачи поради неправилно престигнување, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 21 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците, санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 83 мандатни платни налози и 68 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.