Иран ги затвори школите и универзитетите поради коронавирус

24

Иранските власти решија да ги затворат училиштата и универзитетите во обид да го спречат ширењето на новиот коронавирус, соопшти денеска министерот за здравство на таа држава.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави вчера дека новиот коронавирус се раширил во скоро сите ирански провинции, но дека земјата ќе се справи со тоа.

Официјалната веб-страница на иранското претседателство објави дека Рохани на седница на Владата изјавил дека „оваа болест е распространета“ и ги зафатила речиси сите провинции во Иран.

Според најновите податоци на иранското министерство за здравство, од новиот коронавирус досега починале 107 лица, додека 3.513 се заразени, вклучително и државни службеници.

Државната телевизија соопшти дека молитвите се откажани за в петок во сите главни градови на провинциите.

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...