Индустриското производство во јануари забележа раст од само 0,3 отсто

Само во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ е регистрирано  опаѓање од 15,8 отсто.

32

Индустриското производство во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи раст од 0,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст од 9,4 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ има пораст од 4,6 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ е регистрирано  опаѓање од 15,8 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 14,9 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 6 отсто, додека опаѓање бележи кај „енергија“ за 12,7 отсто, „капитални производи“ за 5,5 отсто и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 5,4 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...