Иво Андриќ ги скара Русковска и Боки – кој е будалата, а кој фукарата?

1887

„Доаѓаат времиња кога паметниот замолчува, будалата прозборува, а фукарата се збогатува“, овие мисли на нобеловецот Иво Андриќ денеска на крајот од судското рочиште за „Рекет“ ги цитираше првообвинетиот Бојан Јовановски Боки 13-ка.

– Дојде време кога целиот државен врв е свртен против еден, а тоа сум јас во случајот – додаде Јовановски.

На ова обвинителката Вилма Русковска рече:

– Ова фукарата се збогати, мислиш на себе?

На тоа Боки гласно ѝ возврати:

– Срамота, срам да ти е!

На оваа размена на високи тонови претходеше алузијата на Јовановски на воведните зборови на обвинителкта Вилма Русковска во судскиот процес за организаторите на „27 април“.

– Нема да го цитирам Гоце Делчев во оваа судница, ние не сме дораснати за тоа, но затоа ќе цитирам една мисла од нобеловецот Иво Андриќ – рече Јовановски кој беше опоменат од судијката Васка Николовска Масевска да биде пристоен.

На рочиштето за организаторите на крвавиот четврток минатата недела Русковска рече:

– Да ги завршам овие воведни зборови со мисла од големиот Гоце Делчев – „Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на толку различни страни. Една од друга по туѓа“.

Судијката го опомена Јовановски да не иронизира, а тој продолжи да зборува дека е под тортура во затворот каде што издржува мерка притвор седум месеци досега.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...