За 77 дена истрча 77 маратони спортистот со оштетен вид, Горан Николиќ

Со тоа тој сака да го собори својот претходен Гинисов светски рекорд, кога во 2016 година истрча 55 маратони за 55 дена. Овој атлетски потфат има и хуманитарен карактер, соопшти Генералниот конзулат на Србија во Чикаго.

78
ФОТО: МИА

Маратонецот со оштетен вид, Горан Николиќ од Крагујевац, Србија, минатата седмица во Чикаго го почна новиот атлетски предизвик – за 77 дена по ред да истрча 77 маратони.

Со тоа тој сака да го собори својот претходен Гинисов светски рекорд, кога во 2016 година истрча 55 маратони за 55 дена. Овој атлетски потфат има и хуманитарен карактер, соопшти Генералниот конзулат на Србија во Чикаго.

Сите собрани средства ќе се искористат за финансирање на изградбата на спортска сала во Крагујевац, којашто ќе служи за спортски подготовки на параолимпијци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...