За само девет минути распродадени билетите за мечот Федерер – Надал

676
ФОТО: EPA / MARTIAL TREZZINI

Пред утрешниот хуманитарен меч Роџер Федерер – Рафаел Надал што ќе се игра во Кејптаун, билетите се распродадени за само девет минути.

– Ова докажува колку е популарен тенисот во Јужна Африка. Во детството секоја година поминував по два месеца во оваа земја. Ние секогаш ги поминувавме тука летните одмори. Посетивме роднини, одевме во Националниот парк Кругер. Затоа се чувствувам поврзан со оваа земја – изјави Федерер.

Третиот светски рекет е возбуден што во Кејптаун ќе има можност да се сретне со луѓе што не ги видел долго време.

– Организиравме голема дружба. За мене не е важно само да играм, а потоа повторно да заминам. И знам дека тоа многу им значи на моите родители – рече Федерер чија мајка е родена во Јужна Африка.

Средствата од продадените билети се наменети за децата од „Црниот континет“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...