Зачлени се во СЛ клубот на Спорт лајф и играј за два автомобила

Најдобрите двајца членови на СЛ клубот на Спорт лајф ќе се подноват со нов автомобил.

116

Со стартот на Типстер купот, најуспешните типувачи, членови на Sport Life клубот, секој месец, сè до јуни наредната година ќе се натпреваруваат и освојуваат подароци, а за најдобрите обезбедени се два автомобила.

Новина оваа сезона е воведувањето на 2 етапи – есенска и пролетна, а на крајот од секоја етапа следува финале со првопласираните од сите обложувалници на Спорт лајф од претходните месеци. Во зависност од рангирањето и освоените поени, обезбедени се подароци за првопласираните играчи на месечно ниво, а за секоја од финалните фази обезбеден е автомобил Peugeot 308.

Есенската етапа, која започна на 1-ви септември, ќе трае до крајот на оваа година, а финалето ќе се одвива од 10-ти јануари до 31-ви јануари 2019 година. Пролетната етапа продолжува од 1-ви февруари до 30-ти мај 2019 година, со финале од 10-ти јуни до 30-ти јуни 2019 година.

Ова е веќе осма сезона на овој натпревар, во кој сите оние кои ќе се зачленат или се членови во Sport Life Клубот се натпреваруваат со своите веќе уплатени тикети, без разлика дали се погодени или промашени, т.е. оној кој е поуспешен во типувањето, се рангира повисоко. Членовите на СЛ клубот навистина добиваат најмногу.

(промотивен текст)

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...