Затворена кујната во Велес каде се затруја фудбалерите на „Пелистер“

Резултатите од мострите кои беа земени од Центрот за јавно здравје во Велес се очекуваат утре.

768

Агенцијата за храна и ветеринарство го задолжи хотелот во кој јаделе фудбалерите на „Пелистер“, кои се затруја во петокот, да ја затвори кујната и детално да ја исчисти. Под надзор е ставен и целиот персонал кој работел во кујната.

Четиринаесет од вкупно 28 фудбалери на „Пелистер“ завршија во велешката болница со симптоми на труење откако ручале во познат угостителски објект во Велес. Поради тоа беше откажан натпреварот со Шкупи во Скопје.

– Наложени се мерки за механичко чистење, комплетна дезинфекција на просторот и приборот кој се користи, но и вонредна дезинсекција и дератизација и хигиенски преглед на кујната и вработените. По завршувањето на сите мерки повторно ќе се направи контрола и ќе се земат брисеви, а кујната ќе биде пуштена во употреба откако ќе се добијат задоволителни лабораториски наоди – велат од АХВ.

Резултатите од мострите кои беа земени од Центрот за јавно здравје во Велес се очекуваат утре.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...