Антикорупциската комисија денеска го затвори случајот со вработувањето на сопругата на поранешниот министер Спиро Ристовски, Маја, бидејќи е застарен.
Вработувањето во Фондот за поддршка на депозити е направено во 2015 година, а законот предвидува дека ако во случаи со вработување не се постапи во рок од три години тогаш тие застаруваат.
Инаку, Ристовска била вработена на местото стручен соработник, а за таа да ја добие работата бил направен оглас со посебни услови иако не требало. Така, во огласот се барало минимум седум години работно искуство на меѓународни проекти. Практично, огласот бил креиран за таа да ја добие работата и да не може да има конкуренција од други кандидати.