Иран нема да почне војна во Персискиот залив, но ќе се брани, рече денеска иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф.
-Нема да има војна во Заливот. Можам да ви кажам дека ние нема да почнеме војна, рече Зариф во Норвешкиот институт за меѓународни работи.
Но, нагласи и дека Иран ќе се брани, јавуваат британските медиуми.