Просо, житарка одлична за бубрези, дијабетес и рак

Ако сакате да имате здраво срце: житарката е идеално решение за вас. Содржи многу магнезиум и само една шолја просо дневно ќе подобри многу работи во вашиот организам, помеѓу другото, и редовната работа на срцето. Тоа се само некои од причините зошто би требало да го внесете просото во секојдневната исхрана.

708

Денеска кога сме сите опкружени со безброј совети за здрава исхрана, многу суплементи, хроно рецепти, и што уште не, понекогаш човек треба да застане и да размисли како живееле луѓето пред нас, кои не можеле сето наведено да го применат, туку живееле во и од природата. Секако ниту природата не е она што некогаш била, но нејзините плодови и натаму остануваат попродуктивни од било кои вештачки творби, со било каков облик.

Просото е всушност многу старо семе кое потекнува од пределите со сува клима, односно од Африка и северна Кина.

Просото е вид на намирница која може да се користи во солени јадења, но и во десерти. Во зависност од тоа како се спрема, може да биде меко, но и крцкаво. Содржи карбохидрати па е затоа добар избор на храна за дијабетичари. Некои видови просо се идеални и за држење диета затоа што се богати со влакна.

Основен рецепт за подготвување на каша од просо:

Прво измијте го просото и исцедете го. Во тенџере со средна големина ставете две ипол чаши вода, а кога ќе зоврие ставете една чаша просо.

Варете на слаба температура 15 минути, а потоа трнете го од оган и оставете го да стои во покриен сад уште 20 минути.

Можете да додадете и малку маслиново масло, како и некои зачини.

Ако сакате малку помека каша, потребно е да додадете малку повеќе вода и да го готвите 45 минути до 1 час. Ако сакате да биде покрцкаво, пропржете го пред да го сварите. Можете да го пржите во сува тава околу 3 минути. Потоа додадете вода и поклопете го. Подоцна просото можете да го додадете и во разни салати, во зеленчук, а можете да го подготвите и следниот ден за појадок со млеко, мед и цимет.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...