Нуркачкиот тим „Акватек“ објави видео од необично запросување кое се случило во Охридското езеро, на пет метри длабочина кај плажата Сараиште.
Александар Жакоски, момчето кое ја запроси девојката, прстенот го сместил на дното на Охридското езеро и ја повикал својата избраничка да нуркаат.
– Во сандаче на дното од езерото беше изненадувањето за Матеја, таа кажа ДА и среќно изнуркаа на површината – велат од нуркачкиот тим „Акватек“.