Распишан конкурс за најдобра Еко-порака

217
Во рамки на проектот ,,Младите и природата-партнери за иднината”, здружението „,Амброзија“ од Пехчево го распиша конкурост за избор на најдобра еко-порака. Конкурсот, како што информираше Јасминка Андонова – Пашалиска од здружението „Амброзија”, ќе трае до 14 октомври оваа година.

-Годинешната тема на отворениот конкурс е „Напиши порака до природата” и истиот е наменет за најмладите, кои најдоцна до 4 октомври 2019 година, ќе можат да се пријават со оригинални еко-пораки. Еко-пораките, треба да содржат еко-мотиви во вид на цртеж, како и стилизирани слогани, по избор на испраќачот – соопшти Андонова Пашалиска.

Изборот на најдобра ЕКО порака, како што додаде, ќе го изврши посебна Комисија формирана од Здружението „Амброзија“ – Пехчево“, во рамки на проектот „Младите и природата-партнери за иднината.

– Ги охрабруваме сите ученици од 6-то до 9-то одделение, своите еко пораки со опис за еко порака со име и презиме на кандидатот, да ги испратат на нашата електронска пошта или на нашата фан страна – дополни Андонова-Пашалиска.

Трите најдобри пораки, како што додадоа организаторите, ќе бидат објавени на Еко Хепенингот, кој ќе се одржи во текот на ноември 2019 година
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...