Западен Балкан треба да биде уште подинамичен на европскиот пат, смета црногорскиот преговарач

117

Александар Дрљевиќ, главниот преговарач на Црна Гора за пристапување во ЕУ порача денеска дека е неопходно сите држави од регионот уште подинамично да тргнат на европскиот пат, бидејќи тоа ќе биде добро за целиот Западен Балкан.

Дрљевиќ, на конференцијата „Западен Балкан и ЕУ- перспектива“, која се одржува во Будва, рече дека 2018 година ја гледа како пресвртница и европска година за регионот и Црна Гора.

-Ова е пресвртница кога процесот на интеграција е во прашање, особено ако се земат предвид предизвиците пред кои е ЕУ, како што е Брегзит, оцени тој, потсетувајќи дека Самитот во Лондон го стави во фокус Западен Балкан преку конкретни проекти во инфраструктурата, со кои се сака да се обезбеди подобра соработка и комуникација меѓу неговите земји.

Дрљевиќ, меѓу другото, истакна дека во Црна Гора околу 63 отсто од граѓаните го поддржува влезот на земјата во ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...