Најбучните навивачи на францускиот фудбалски шампион Пари Сен-Жермен не се задоволни од ситуацијата во клубот, пренесува „РМЦ Спорт“.
Групата „Ултрас“ во Париз се состана со раководството на клубот во обид да ја ублажат ситуацијата. Незадоволството на навивачите се должи на присуството во екипата на напаѓачот Нејмар, кој треба да влезе на теренот во натпревар од 5. коло на шампионатот на Франција со Стразбур.
„Ултрас“ планира да истакнат транспаренти против Нејмар, но раководството на ПСЖ има намера да ги спречи во тоа.
Навивачите на ПСЖ веројатно ќе го бојкотираат следниот натпревар од француското првенство со Стразбур и дуелот од групната фаза од Лигата на шампионите со Реал Мадрид.
ФОТО: EPA / ADAM S DAVIS