Премиерот Заев во рамките на официјалната посета на Малта имаше средба со Претседателот на парламентот на Малта, Анџело Фаруџија на која се разговараше за зајакнување на соработката на законодавните домови на двете земји.
Премиерот Заев, го информираше собранискиот спикер Фаруџија дека во македонското Собрание работи – Комисија за соработка со Малта која е основана во 2017 година и дека би претставувало значаен исчекор доколу слична пармалентарна група се основа во паралментот на Малта.
Фаруџиа на средбата изрази подршка за силната воља на македонската влада во имплементација на реформите и враќање на основните демократски начела на владеење на право, посочувајќи дека Македонија е на вистинскиот пат кон интеграцијата во Европската Унија.