Регионалниот центар на централна Европа со РЕК ќе ја заштитуваат животна средина во Битола

141

Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) и РЕК Битола во иднина заедно ќе работат на заштита на животната средина. Денеска во Скопје е потпишан Меморандум за воспоставување стратешка соработка што ќе обезбеди помош при заштита на животната средина во Битола, Пелагонија, Република Македонија, но и регионот на Југоисточна Европа.

Меморанудмот го потпишаа извршниот директор на Регионалниот Центар за животна средина за Централна и Источна Европа со седиште во Будимпешта (РЕЦ) Михаил Димовски и директорот на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, Васко Ковачевски.

–  АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ги препознаваат предизвиците на новото време и во таа насока се отворени за соработката со сите домашни и странски организации кои имаат за цел унапредување на искористувањето на обновливите извори на енергија и заштитата на животната средина. РЕК Битола очекува Меморандумот за соработка со Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа да отвори нови перспективи за развој и имплементација на проекти за одржливо, ефикасно и еколошко производство на електрична енергија -изјави по потпишувањето на Меморандумот Ковачевски.

РЕЦ и РЕК Битола со овој Меморандум за соработка се обврзуваат на заедничка посветеност да ги намалат влијанијата од производствените капацитети врз животната средина и нејзина заштита и унапредување преку стимулирање на одржлив развој, особено стремејќи се кон исполнување на приоритетните цели и стратегиските определби од инвестициската програма на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола.

Меѓу нив се зголемено производство од обновливи извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност, модернизација на постојните објекти, воведување еколошки технологии и усогласување со националните и ЕУ стандардите и зголемена разнообразност на енергетските ресурси со зголемување на користењето на природен гас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...