„Грета“ – документарец за шведската тинејџерка

Филм за Грета Тунберг е највен за идната година, во режија на Нејтан Гросман

102

Документарен филм за Грета Тунберг е највен за идната година. Приказната ќе ја следи шведската тинејџерка од првиот ден од нејзината борба против климатските промени, но и тоа колку политика има во таа борба.

Филмот, чиј работен наслов е „Грета“, ќе го режира Нејтан Гросман. Во него ќе се содржи и нејзиното учество на меѓународните протести, како и говорите одржани годинава на Самитот на ОН во Њујорк и на Самитот за климата во Мадрид.

Планирано е филмот да се сними и премиерно да биде прикажан наредната 2020 година.

Тунберг неодамна, во угледното списание „Тајм“, беше прогласена и за личност на годината поради нејзината кауза и борба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...