Се бара начин за одземање на концесиите за за ископ на минерални суровини кај Лабуништа

Од Министерството велат дека паралелно се бара долгорочно решение во случај кога е загрозена безбедноста и здравјето на локалното население.

383

Министерството за економија ја разгледува можноста за измени и дополнувања на Законот за минерални суровини, со цел одземање на концесиите за ископ на минерални суровини во околината на село Лабуништа.

Од Министерството велат дека паралелно се бара долгорочно решение во случај кога е загрозена безбедноста и здравјето на локалното население.

-Министерството за економија, согласно член 100 од Законот за минерални суровинии, врз основа на кој инспекцискиот надзор над спроведувањето  на овој закон го врши Државниот инспекторат за техничка инспекција, а надзорот над спроведувањето на одредбите кои се однесуваат на животната средина го врши Државниот инспекторат за животна средина, предметната претставка ја препрати до споменатите инспекторати, со цел да извршат во најкраток можен рок вонредна контрола над концесионерите кои гравитираат во подрачјето на село Лабуништа – велат од Министерството.

Додаваат дека континуирано ја следат состојбата на терен и оти се прават подготовки за вршење дополнителни анализи за да се утврди дали има основаност за раскинување на договорите за концесија или, пак, има начини да се премостат несогласувањата и работата на концесионерите да се прилагоди кон барањата на жителите на Лабуништа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...