Заев патува во Тирана на нова средба за „Мал Шенген“

122

Премиерот Зоран Заев утре и задутре во Тирана ќе учествува на состанокот на лидерите од Западен Балкан, во рамки на иницијативата „Мал Шенген“, чиј домаќин овој пат е албанскиот премиер Еди Рама.

Иницијативата, која потекна од српскиот претседател Александар Вучиќ, а која има за цел интензивирање на регионална соработка и подобрување на животот на граѓаните е продолжение на средбите од Нови Сад и Охрид. На вториот ден од состанок предвидена е заедничка изјава за медиуми на лидерите на Западен Балкан.

На трилатералната средба минатиот месец во Охрид беше усвоена Декларација со која се предвидува минување на границите само со лична карта, брзи ленти за камионите и меѓусебно признавање на дипломите, придружена со Акциски план од дестина мерки за нејзино спроведување.

Албанскиот премиер Рама од Охрид тогаш најави и дека на следната средба се очекува да присуствува и новиот висок претставник на ЕУ за мадворешна политика и безбедност Жозеп Борел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...