Заев: Ние вложуваме во народот, а не во споменици

342

Од -1,8 денес имаме раст од 3,6 отсто раст на економијата, покажавме дека имало пари за се во државата, докажавме дека со рационално работење може да има пари за поголеми пензии кои сега се за 1.800 денари повисоки, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на дебатната емисија „Само вистина“.

– Денеска вложуваме во народот во иднината и сите тие вложувања ја зголемува просечната плата за над 4.000 денари, а минималната плата за 5.500 денари. Ние не фрламе пари за споменици туку за граѓаните. Овен раст на платите, ги намалуваме и трошоците преку укинување на радиодифузната такса, со евтината тарифа на струјата, преку намалување на трошоците, но и директно враќаме пари кај граѓаните преку мерката Мој ДДВ. Вложуваме во народот и тоа ќе продолжиме да го правиме. – порача Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...