После моето обраќање во Европскиот Парламент во Стразбур, заедно со мадам Федерика Могерини доаѓаме во Македонија. Нашата пријателка Федерика уште еднаш ќе даде поддршка на сите граѓани за нашиот заеднички пат кон европското семејство.
Ова го напиша премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук. Тој и Могерини летаат кон Македонија, каде таа денеска попладне ќе има средби со државниот врв и со опозицијата, а со Заев ќе се прошета и во Старата скопска чаршија.