Здравите деца не смеат да избегнуваат глутен

Храната без глутен често содржи повеќе маснотии, шеќер и сол, а помалку витамини Б, железо и фолна киселина. Иако полиците во супермаркетите се полни со безглутенски производи, децата би требало да ги консумираат само ако страдаат од интолеранција на глутен, истакнуваат лекарите од германското здружение на педијатри.

338

Целијакијата е хронична болест која ја карактеризира интолеранција на глутен, составен дел од големиот број намирници кои ги користиме во секојдневната исхрана. Се појавува како хронична воспалителна болест на цревата, која често се јавува токму кај најмладите.

Кај ваквата дијагноза воведувањето на безглутенска исхрана е нужно, но кај здравите деца не треба да се применува за да не дојде до недостаток од останатите нутриенти важни за нормален раст и развој на децата, порачуваат од организацијата.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...