Премиерот Зоран Заев и првиот опозиционер Христијан Мицкоски преку Фејсбук упатија честитки за историскиот пласман на одбојкарската репрезентација на Македонија на Европското првенство.
Заев напиша дека со победата во мечот со Унгарија , одбојкарската репрезентација за прва пат во историјата на македонскиот спорт се пласира на едно Европско првенство.
– Сите се гордееме и аплаудираме на овој резултат и пласман. Имаме обврска да го поддржуваме и развиваме репрезентативниот спорт. Браво за нашите одбојкари, напиша Заев.
Мицкоски пак, на својот фејсбук статус напиша дека и покрај сите црнила што и се случуваат на Македонија, има моменти на радост, моменти на светлина.
– Честитки за пласманот на Македонската одбојкарска репрезентација на Европското првенство во одбојка. Вие ги браневте боите на Македонија, со гордост и достоинство, со крената глава, со срце. Вашата победа е наша радост и знам дека посветено ќе продолжите, а за кој друг ако не за неа, за нашата единствена Македонија, напиша Мицкоски.