Заев до ДУИ: Како победничка коалиција нема да дозволиме уцени за да влезете во влада

3086

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по потпишувањето на декларацијата за коалиција со Беса им порача на партиите на Албанците и коалициите дека нема да прифатат уцени доколку тие сакаат да бидат дел од новата влада.

– Ја уверувам јавноста дека како победничка коалиција нема да дозволиме да бидеме уценувани и нема да прифаќаме непринципиелни преговарања и договарања. Оние кои што ќе сакаат да се приклучат на победниците ќе треба да ги прифатат нашите принципи и вредности за евентуално учество во владината коалиција – порача Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...