Настрадаа 20 возила од невремето, покрив, влезови, електрични кабли

806

Од синоќешното невреме и силниот ветер во Скопје настрадале 20 возила, еден  покрив, а имало и два оштетени влеза и заштитна ограда и четири случаи на оштетен  електричен кабел од бандери.

Ова се штетите од невремето во Скопје коишто до денеска напладне биле пријавени во МВР.

– Едно возило (комбе) е со оштетено ветробранско стакло од падната фасада, а било паркирано на улицата Даме Груев, а второто било паркирано на улицата Мирослав Крлежа и врз него паднало дрво при што е оштетен кровот, хаубата и ветробранското  стакло на ова патничко возило – информираа од полицијата.

Овие две возила се во сопственост на МВР и на Владата, а останатите оштетени се приватни или возила на фирми.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...