Заев доби медали од џудистите Берна и Еди Шерифовски

341

Премиерот Зоран Заев, денеска, во својот кабинет ги прими младите спортисти-џудисти, сестрата и братот, Берна и Еди Шерифовски, кои се државни прваци и имаат освоено значајни успеси на балкански, европски и светски првенства, соопшти Владата.

– Како Влада на Република Северна Македонија, обезбедуваме неопходна поддршка за остварување квалитетни спортски можности, воведуваме механизми за обезбедување соодветни услови за тренинзи на спортистите, затоа што спортот е сериозна мотивација за младите луѓе. Истовремено, нивните постигнати резултати ни се многу важни, треба да ги подигнеме на пиедестал и да бидат пример за сите млади граѓани, бидејќи нема поголема афирмација на државата од спортот – рече Заев.

Младите спортисти, се заблагодариле за срдечниот прием кај премиерот Заев и му ги изложија своите планови за во иднина, потенцирајќи дека кога одат на натпревари каде ја претставуваат својата земја се горди, бидејќи ја чувствуваат поддршката од државата зад себе, што им претставува дополнителен мотив за што подостоинствено претставување на нивната татковина и остварување на високи спортски резултати.

Во знак на почит и благодарност, младите спортисти на премиерот Заев му ги подарија своите последни освоени медали за спомен.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...