Загинаа најмалку тројца, меѓу кои и дете, кога воз удри во автобус кај Ниш (ВИДЕО)

563
ФОТО: Принтскрин

Тројца загинати, меѓу кои и дете, во страшна сообраќајна несреќа која се случила утрово кај Ниш, пренесува „Курир.рс“.

Откако воз удрил во автобус, според првичните информации, покрај загинатите, имало и шестмина тешко повредени, а 16 полесно.

Автобусот бил преполовен, а причината поради која дошло до несреќата е се уште непозната.

Екипа на Брза помош, полиција и пожарникари се на лице место и ги извлекуваат повредените и ги носат во болница во Ниш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...