Пред излогот на MAJORICA: Ова се нашите празнични фаворити на накит!

444

И во новата колекција, дизајнерите од MAJORICA ни го предадоа ултимативниот сон – убаво да се украси секоја жена. И нѐ потсетија на реалноста – дека секоја жена може да биде убава.

Накитот е безвременско модно парче со кое не можеме да згрешиме кога ќе се одлучиме да го спакуваме како подарок. Од најстарите времиња се подарувал за посебни пригоди, но и како знак на внимание, зашто познато е, со сигурност ќе ја освои секоја жена и девојка. А бисерниот накит бил и останува еден од најпосакуваните. За да го заштедиме вашето време во „талкање“ низ продавниците низ градот, ѕирнавме во празничните колекции на најпопуларните модни марки, и се зaдржавме пред излогот на MAJORICA.

Љубовната врска на жената и бисерите ни е добро позната, а комплетниот изглед не е целосен без последниот допир, оној кој ја зачинува елеганцијата, накитот. Веќе 130 години MAJORICA, со својата потрага по совршеното и љубовта кон чистиот и сјаен бисер, останува еден од светките лидери во дизајн на исклучителен накит. Во секоја фаза, од изборот на најдобрите материјали, до стручната изработка и посветеноста на корисниците, MAJORICA е синоним за врвен квалитет.

Секое парче накит ја изразува посветеноста, страста и грижата. За денешниот познавач на накит, MAJORICA ја комбинира безвременската елеганција со софистицираниот, модерен дизајн. Да се поседува парче накит од MAJORICA е единствено задоволство. А да се носи накит од MAJORICA е одразување на чистината на морето, на мистеријата на создавањето, и наверојатно чувство на сознание дека сте украсени со најфиниот, култивиран бисер.

Наш празничен совет? Доколку купувате ѓердан за себе, во празничните прилики комбинирајте го со „мал црн фустан“ или со чипка. Не заборавајте дека на женствениот маникир и воопшто, на нежните женски раце, најубавиот детаљ кој тоа ќе го нагласи е белегзијата или впечатливиот прстен. Доколку пак, накитот го купувате за подарок, воопшто не грижете се. Консултирајте се со љубезните продавачи и одберете го најсоодветното парче накит според стилот на личноста на која го подарувате.

Бездруго, што и да одберете, ќе погодите право во женското срце.

Накитот MAJORICA е достапен во продажба: Skopjе City Mall I кат, Ramstore Mall приземје.

 

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...