Заврши седницата на Советот за безбедност: Еколошките проблеми да се решаваат подобро и системски (ВИДЕО)

366

Мислам дека ја реализиравме главната идеја – кревање на јавната свест за еколошка безбедност. Никогаш досега во историјата на земјата на волку високо политичко ниво не е разговарано за овој проблем. Граѓаните преку невладините организации имаа можност да бараат отчет од оние што се платени за ова да го работат, да кажат што сметаат за досегашните мерки и да сугерираат што треба да се преземе понатаму, рече претседателот на државата Стево Пендаровски по седницата на Советот на безбедност.

На прес-конференцијата во вила Водно, Пендаровски нагласи дека на оваа тема се разговарало повеќе од два часа. Притоа, дијалогот бил конструктивен. Немало расправии, зајадливи коментари или какви било непочитувања на другата страна.

-Проблемите во делот на заштитата на животната средина треба да се решаваат многу подобро и системски. Никој не може да ги реши во еден мандат. Битно е дека првпат на Советот за безбедност се повикуваат невладини организации и се поставува прашаето за еколошка безбедност. Мојата идеа да ги поканам невладините активни во оваа област беше да ги соочат своите аргументи со надлежните во државата за заштита на средината, истакна Пендаровски.

Потсети и дека лично се заложил за зголемување на државниот буџет за заштита на животната средина, како и за што побрзо тој да биде во рами на просекот на земјите-членки на ЕУ.

-Уште од сега, грубо, поглавјето 27 нас би не чинело над пет милијарди евра, укажа шефот на државата, додавајжи дека дава поддршка и за креирање национален фонд.

Во однос на другите теми кои беа на дневен ред на Советот, информира дека земјава засега има свои војници во БиХ, Либан, Авганистан и на државните граници, а состојбата со сите контингетни е редовна. Оперативно-техничка агенција (ОТА) е на ниво на задачата и работите околу нејзиното екипирање се одвиваат со посакуваното темпо, иако е формирана пред само година и пол. Во целиот процес помагаат странски експерти.

Од стандардниот состав на Советот за безбедност, отсутни биле само двајца, претседателот на Собранието Талат Џафери поради обрвски во Парламентот и професорот Трајан Гоцевски од здравствени причини. Дополнително поканети на седницата, навдор од редовниот состав, биле, како што информира Пендаровски, директорите на Агенцијата за национална безбедност, на Агенцијата за разунавање и на ОТА, како и началникот на Генералштабот на АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...