Забрзување на развојот на вакцината против коронавирусот, побара Трамп од најголемите фармацевтски компании

Ги познавам компаниите многу добро. Некои од нив се толку богати што мислам дека всушност тие треба да ѝ позајмат пари на федералната влада - рече Трамп. 

124

Американскиот претседател Доналд Трамп се состана со директорите на 10-те најголеми светски фармацевтски компании и од нив побара да го забрзаат развојот на вакцината и да пронајдат делотворни третмани против коронавирусот.

Во меѓувреме, бројот на случаите на заразени и умрени во САД и натаму се зголемува, откако во американската сојузна држава Вашингтон починаа девет лица.

– Поверојатно е дека терапиите ќе бидат достапни пред вакцината да биде подготвена и се трудиме сите делотворни третмани да ги изнесеме на пазарот што е можно побрзо – рече Трамп по состанокот со директорите на фармацевтските компании.

Тој вети дека ќе се намали бирократската процедура за компаниите кои работат на изработката на третманите. Тој, меѓутоа, не понуди финансиска помош, пренесува Гласот на Америка.

– Ги познавам компаниите многу добро. Некои од нив се толку богати што мислам дека всушност тие треба да ѝ позајмат пари на федералната влада – рече Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...