Тренерот на Арсенал, Унаи Емери, пред натпреварот од англискиот шампионат со Манчестер јунајтед се потсети на 13-годишната серија без победа на „Олд Трафорд“.
– Кога ми зборуваат за 13-годишната серија на„ Олд Трафорд “, кај мене се појавува аналогија со фудбалски симулатор кој има специјални задачи. Треба да го победиме Манчестер јунајтед за да ја добиеме наградата. Има посебна војна помеѓу Манчестер јунајтед и Арсенал. Според мене, Арсенал е подготвен да ја добие следната битка – изјави Емери.
Дербито на 7.коло во Премиер лигата се игра вечер во Манчестер со почеток во 21 часот.