Шилегов: Градската куќа да биде на плоштад, да не беше атрактивна локација Мијалков немаше да го гради „Мериот“ таму

На прашањето зошто биле потрошени 3,2 милиони евра во довршување на градската куќа за која смета дека е отпат, тој одговори „Затоа што веројатно и вие за себе кога би купувале стан, би сакале тој да е завршен, а не да инвестирате во него. Објектот требаше да се заврши, за да биде понуден на аукција“.

12458

Најискрено не можам да знам кој ќе се пријави, бидејќи ние ќе се обидеме да ја продадеме Градската куќа. Кој ќе се пријави на таа постапка, не знам, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес конференција.

– Ми се допаѓа идејата дека Градската куќа треба да биде во централното подрачје, на плоштад. Тоа е стандард во светот. Ако беше таа локација толку атрактивна, како што се обидуваат да покажат изминативе денови опозиционерите, зошто не го подучија Сашо Мијалков да го направи таму хотелот, а на местото на „Мериот“ да ја имавме градската куќа – рече Шилегов.

Тој додаде дека не знае дали ќе успеат да ја продадат Градската куќа.

– Она што знаеме е дека не е местото на Градот Скопје да биде фрлен некаде на страна. Сега се наоѓаме на страна, тоа било дефинирано како привремено решение во 1965 година – додаде Шилегов.

Тој смета оти во изминативе години за Скопје немало целосна грижа.

– Навистина ми е криво што неколкуте локации кои беа слободни на плоштадот не беа искористени да се направи добар репрезентативен објект за градот. Како што е секаде во светот, па и во соседството. За жал, ние сме жртви на една тотална негрижа на градот. Чекор по чекор, тие глупости што се случувале во минатото, ќе ги исправиме – додаде Шилегов.

На прашањето зошто биле потрошени 3,2 милиони евра во довршување на градската куќа за која смета дека е отпат, тој одговори:

– Затоа што веројатно и вие за себе кога би купувале стан, би сакале тој да е завршен, а не да инвестирате во него. Објектот требаше да се заврши, за да биде понуден на аукција.

Денеска до сите советнички групи бил упатен допис од Шилегов за да именуваат претставник за надзор врз работата на комисијата за продажба.

На новинарско прашање за коментар на обвинувањата од опозицијата дека му бил познат купувачот на градската куќа, тој повтори дека не знае кој сѐ ќе се пријави на аукција. За таа тема Шилегов нагласи дека опозицијата немала аргументи и затоа ја напуштила седницата и одбрала да пласира еднострано невистини и глупости на пресови.

– Ако имале аргументи зошто ја напуштија седницата на Советот на град Скопје? Таму требало да се соочат аргументите за и против продажбата. А не со претпоставки – додаде тој.

Шилегов повика на соочување во кое било време и на кој било медиум.

Едностраното пласирање на вести според него било кукавичлук.

Запрашан дали навистина сака општинската администрација да се смести во зградата на ЕСМ, тој нагласи дека во овој процес нема да дозволи градскиот буџет да биде оштетен ниту денар. Минималната цена на аукцијата се средствата кои Градот ги издвоил од буџетот.

Кога е во прашање поранешната зграда на ЕСМ, таму има два косопственици. ЕВН и Електрани. Тој повика да се заокружи процесот, па потоа да се донесува оценка а не предвреме.

– Градот нема што да крие и од сево ова само ќе добие. Сѐ е и ќе биде транспарентно. Нема да се наруши буџетот на градот – додаде Шилегов.

Процесот на продажба зависи oд тоа кога ќе бидат одредени претставници на комисијата за продажба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...