Австралиските власти денеска наредија задолжителна евакуација на некои места на југоисточниот брег на земјата, а на туристите во таа област им е наредено да ги напуштат туристичките места во рок од 48 часа, бидејќи за в сабота се очекува нов бран жештини погоден за ширење на големи пожари кои ја пустошат државата во последниве недели.
Премиерката на државата Нов Јужен Велс, Гладис Берџиклијан, денеска прогласи седумдневна вонредна состојба во која од петок се одобрува присилната евакуација на луѓето.
Од почетокот на сезоната на пожари во септември, ова е третпат кога во најнаселената држава Австралија е прогласена за вонредна состојба.
– Ние не донесуваме такви одлуки лесно, но сакаме да осигураме дека се преземени сите неопходни мерки за да се подготвиме за она што може да биде ужасна сабота – рече премиерката.
Илјадници луѓе почнаа да ја напуштат областа и долга колона возила се протега по автопатот што води кон Сиднеј.
Пред најавата за вонредни состојби, Противпожарната служба на Јужен Нов Велс утрово побарала од туристите да ги напуштат местата во крајбрежната зона на 200 километри од градот Бејтменс Беј кон југ и државата Викторија.
Туристите треба да заминат пред сабота, што ќе биде „опасен ден“ со засилен ветер и температури над 40 Целзиусови степени. Бројни туристи поминаа две ноќи отсечени во места без електрична енергија и комуникација со мали количини храна.
Евакуацијата на туристичката зона ќе биде најголемата досега спроведена во оваа област, изјави министерот за транспорт на Јужен Нов Велс, Ендру Констанс, за Еј-би-си телевизија.
Во пожарите, што од септември пустошат низ Австралија и повремено навлегуваат во населените места, животот го загубија 18 лица. во австралиските држави Нов Јужен Велс и Викторија, поради пожарите што не можат да се стават под контрола, оваа недела се исчезнати 17 лица. пожарите досега уништија површина од околу 5 милиони хектари. неделава во Викторија изгореле 68, а во соседниот Нов Јужен Велс 381 куќа. Во двете држави пожарите се активни на приближно 200 точки.
HMAS Choules and MV Sycamore have sailed from Sydney, on their way to provide support to bushfire relief efforts on NSW South Coast and NE Victoria. Navy also continues to provide helicopters and support to @NSWRFS aerial operations.#AustralianNavy #AustraliaFires #OurCommunity pic.twitter.com/PHWp8L0Tvy
— Chief of Navy Australia (@CN_Australia) January 1, 2020