Долниот дом на Шпанија го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

439

Долниот дом на шпанскиот Парламент изутринава го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

За ратификацијата на својот Фејсбук профил напиша шефот на дипломатијата Никола Димитров.

„Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ‘за’ и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот…“, напиша министерот за надворешни работи.

Воздржани биле 51 пратеник.

Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која сѐ уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се оддолжи поради изборите и формирањето на Владата. Протоколот кај нас беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...