
Доли Партон (74) повторно сака да биде на насловната страница на магазинот „Плејбој“. На оние кои одлучуваат за тоа има да им порача само едно.
Кантри-ѕвездата, која неодамна го прослави 74-тиот роденден, во едно телевизиско шоу изјави дека нема намера да се пензионира и да се повлече од музичката сцена, како и дека се надева дека следната година повторно ќе биде на насловна страница на познат магазин.
– Не планирам да се пензионирам. Штотуку наполнив 74 години и планирам повторно да бидам на насловната страница на магазинот „Плејбој“. Се фотографирав за „Плејбој“ пред многу години и мислам дека би било одлично тоа да го повторам. Не знам дали ќе ми успее да бидам на насловна страница на 75 години – рекла славната Доли Партон.
На прашањето дали би ја повторила оригиналната фотографија во истата облека, пејачката одговорила: „Можеби! Веројатно можам да ја искористам“, се пошегувала и додала: „Градите сè уште ми се исти.“
ФОТО: EPA / NINA PROMMER