Директорот на МКФ: Срамен и низок чин е заминувањето на Стоилов

2867
ФОТО: Фејсбук

Во спортот нема место за политика, расна и полова дискриминација или национализам. Очигледно некои спортисти го заборавиле тоа.

Ова го напиша директорот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Владимир Темелковски, во врска со заминувањето на ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов од манифестацијата на Агенцијата за млади и Спорт, „Спортист на годината“.

– Во спортот сите се еднакви, а победуваат најупорните и најпосветените, а за оние кои предвремено се откажуваат и презентираат омраза и нетолеранција, не им е место во спортот – напиша Темелковски на Фејсбук.

Тој ја опиша постапката на Стоилов како „срамен и низок чин“.

– Нека му е на чест наградата која што му ја поклони АМС минатата година, за која што гласаа и Македонци и Албанци и Роми и Власи и нека ја чува гордоста за на теренот. Со вакви ситни интриги и манипулации ќе собере само поени и внимание на кратки пратеки – напиша Темелковски.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...