Дибиров: Фала за се Македонија и Македонци

988

Во пресрет на последниот натпревар на Вардар на домашен терен против ПИК Сегед во Лигата на шампионите, Тимур Дибиров со емотивен статус преку Инстаграм се прости од Македонија.

„Последен натпревар. Фала за се Македонија и Македонци“, напиша Дибиров со фотографија од големото славје на европската титула.

Екипата на Вардар вечерва против ПИК Сегед веројатно за последен пат игра во овој состав поради најавениот распад на тимот откако сопственикот Сергеј Самсоненко најави заминување од клубот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...