Девојката која го обвини Нејмар за силување, добила закани по телефон

270
ФОТО: МИА

Адвокатот на Надџила Триндаде, која го обвини напаѓачот на ПСЖ и бразилската репрезентација Нејмар за силување и напад, објави дека неговиот клиент добила телефонски закани од „влијателни луѓе“, објавија тамошните медиуми.

– Веќе добила телефонски повик и порака дека нема да продолжи долго. Се јави познат адвокат кој се занимава со кривични предмети во Бразил и се закани дека ќе заврши во затвор – информира адвокатот на бразилскиот модел.

Претходно, Триндаде, поднесе изјава до полицијата, со обвинување до 27-годишниот фудбалер дека ја силувал на 15 мај во хотел во Париз. Подоцна во медиумите имаше информации дека таа го промени своето сведоштво. 

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...